Добредојдовте

Бреза е едно удобно место во кое ќе почувствувате домашна атмосфера и насмеан персонал. Наша цел е Вашиот престој е да го претвориме во едно прекрасно искуство, каде ќе се чувствувате како дома.

Хотелот (пансионот) Бреза се наоѓа во јужниот дел на градот Прилеп. Отворен во 2003 година, располага со вкупно 20 легла кои се сместени во 10 соби, од кои 2 се еднокреветни, 2 имаат брачен кревет, 2 трокреветни и 4 двокреветни.  

Секоја соба има, засебно купатило, мини бар, клима уред, кабловска телевизија како и бесплатна Wi-Fi интернет конекција.

Хотелот  располага со свој сопствен бесплатен паркинг, кафе бар, како и со свое обезбедување. Се наоѓа на само 5 минути пешачење до центарот на градот. Во склоп на хотелот се наоѓа и Astra Rent-a-car. Компанијата располага со нови возила кои ги задоволуваат сите ЕУ стандарди.

Персоналот на хотелот Ви стои на располагање за било каква помош. Било да се работи разгледување на градот или знаменитостите, било да Ви е потребен превод или било што друго. Сите се достапни за Вас. Во секој момент.

Тимот од хотелот исто така организира разгледување со џипови на било кои блиски или далечни цркви и манастири во Македонија.